Ердоган: Европа го жнее тоа што го посеа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги обвини санкциите кон Русија за енергетската криза во Европа, пренесе Бета.
– Европа го жнее тоа што го посеа. Односот на Европа кон Владимир Путин и санкциите го наведоа, сакале или не, да каже: „Ако го направите тоа, јас ќе го направам ова, рече турскиот претседателот на прес-конференција во Анкара.
– Путин ги користи сите средства и оружје со кои располага, пред сè природниот гас. Ние не го сакаме тоа, но мислам дека Европа оваа зима ќе има сериозни проблеми, додаде Ердоган. Тој исто така рече дека Турција „нема да има такви проблеми“.
Кремљ вчера соопшти дека прекинот на испораката на руски гас за Германија преку стратешкиот гасовод Северен тек е само вина на Западот бидејќи санкциите против Русија го спречуваат, како што тврди Москва, одржувањето на гасната инфраструктура, потсетува Бета.
Ново на Сител
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Свежо утро, топло преку ден, температура до 28 степени
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар