Ердоган е прв турски претседател кој го посети Ватикан по речиси 60 години
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Ватикан ќе има средба со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско.
Ова е прва посета на турски претседател на Ватикан по речиси 60 години. Последна посета оствари турскиот претседател Џељал Бајар, кој во Ватикан се сретна со папата Јован Дваесет и трети во април 1960 година, кога Турција воспостави дипломатски односи со Ватикан, а во 1962 година ја отвори и својата амбасада во Светата столица.
Турција оттогаш ја посетија неколку поглавари на Римокатоличката црква - во 1967 година во земјата допатува папата Павле Шести, во 1979 година папата Јован Павле Втори, во 2006 година папата Бенедикт Шеснаесетти, а во 2014 година - папата Франциско.
Ердоган синоќа допатува во Италија, во 24-часовна посета.
По официјалната посета на Ватикан, Ердоган во Рим ќе има и работен ручек со италијанскиот колега Серџо Матарела, а потоа и средба со шефот на италијанската Влада, Паоло Џентилони.
За време на посетата на Ердоган, во центарот на Рим има засилени безбедносни мерки, ангажирани се околу 3.500 полицајци, а забрането е одржување протести.
Канцеларијата за односи со јавност на турскиот претседател соопшти дека главни теми на средбата на Ердоган со папата ќе бидат билатералните односи меѓу Турција и Ватикан, како и регионалната криза, статусот на Ерусалим, состојбата во Сирија, проблемите со ксенофобијата и исламофобијата во светот и борбата против тероризмот.
Во соопштението се наведува дека турскиот претседател ќе се сретне и со ватиканскиот државен секретар, кардиналот Пјетро Паролин.
Ново на Сител
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски