Ердоган до странските амбасадори: Ова не е ваше, ова е Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати критика до странските дипломати, кои присуствуваа на денешното судење на двајца турски новинари, обвинети за шпионажа, на кои им се заканува доживотна казна затвор.
- Што мислите вие кои сте? Што правите тука?, рече Ердоган во говорот во Истанбул, обвинувајќи ги странските амбасадори дека „демонстрираат сила“.
Во петокот почна судењето на Чан Дундар, главен уредник на водечкиот опозициски весник „Џумхуриет“ и Ердем Ѓул, шеф канцеларијата на весникот во Анкара, обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, поради текстот, во кој ја обвинија Владата на Ердоган дека се обидува нелегално да испорача оружје за Сирија.
Овој судски процес го привлече вниманието на неколку амбасадори на држави-членки на Унијата, вклучувајќи го и германскиот, кој дојде на почетокот на судењето.
- Ова не е вашата земја, ова е Турција, рече Ердоган и додаде дека дипломатите можат да работат само во рамки на мисијата и оти за се друго е потребна дозвола.
Ново на Сител
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
-

Бугарија утре го бира новиот претседател - Јотова и Ѓуров во финалната трка
