„Епл“ и „Гугл“ помагаат во борбата против корона вирусот

„Епл“ и „Гугл“ ставија во погон технологија којашто ќе им помогне на земјите со помош на апликации да го следат ширењето на коронавирусот за да ги известат корисниците кога ќе стапат во контакт со заразено лице.
Двата технолошки ривали, чиј софтвер доминира на пазарот на мобилни уреди, се здружија да создадат заеднички код којшто програмерите на софтвери можат да го користат за да создадат апликација за пронаоѓање контакти, којшто ќе им служи на агенциите за јавно здравје.
Апликациите можат да користат блутут сигнали од паметните телефони за да ги детектираат корисниците кои престојуавале во близина. Компаниите објавија дека 22 земји и неколку држави од САД веќе планираат да ја користат новата технологија за правење апликации.
Здравствените експерти велат дека откривањето на контактите е клучно за забавување на ширењето на вирусот за да може економијата да започне да функционира. Американските држави вработуваат илјадници луѓе за оваа работа.
Новата технологија би можела да помогне да се најдат непознати лица со кои корисникот бил во контакт.Корисникот кој е позитивен на вирусот, може да ги сподели овие информации со здравствените работници преку апликацијата, кои потоа можат да ги известат другите корисници чии уреди биле блиску до уредот на заразеното лице, благодарение на блутут сигналот.
„Епл“ и „Гугл“ истакнаа дека фокусот е ставен на „приватноста и безбедноста“. На пример, апликациите нема да ги следат локациите на кои било заразеното лице.
Ново на Сител
-

Спасовски: Законот за двојни државјанства да важи веднаш и за пратениците и за Владата
-

Обвинителството со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка
-

Приведен скопјанец кој пред угостителски објект со нож повредил друго лице
-

Путин се сретна со Арагчи и изрази надеж за мир во Иран
-

Судењето за пожарот „Пулс“ влегува во фаза на изведување материјални докази, први тие од обдукциските наоди
-

Мицкоски: Случајот „27 април“ е политички монтиран од претходната влада
-

Муцунски: Државата не може да биде подготвена да прави уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на нејзиниот европски пат
-

Јаневска за врсничкото насилство: Институциите може да прават се како што треба, но без помош од родителите нема успех
