„Епилепсија Македонија“: Лицата со епилепсија се уште се дискриминирани

Лицата со епилепсија се уште се дискриминирани и општествената свест не е на високо ниво за нивна поддршка и подеднаков третман во заедницата, нагласуваат од здружението „Епилепсија Македонија“ со седиште во Прилеп.
Здружението во соработка со општината делеа флаери за граѓаните со цел да ги информираат за ова заболување.
Во светот има околу 65 милиони луѓе со ова заболување, а во Македонија се околу 25.000 од кои околу три илјади се во Прилеп. Бројките може да се поголеми затоа што дел од лицата со епилепсија не се експонираат јавно.
– Апелирам до сите граѓани во Прилеп и во Македонија да ги поддржат лицата со епилепсија затоа што се исти како сите граѓани и ги уживаат сите права во државата подеднакво. Лицата со епилепсија се соочуваат со голема дискриминација, во сите сегменти од општеството. Имаат проблем со вработување зашто се сметаат како лица со инвалидитет. Доколку редовно примаат лекарства, воопшто немаат проблеми и се подеднакво продуктивни со сите граѓани. Пет години работиме со едукативни средби и кампањи и мора да признам дека многу не сме напредувале во подигнувањето на општествената свест, изјави Илија Биноски, волонтер во здружението „Елилепсија Македонија“.
Според Симона Апостолоска, која исто така работи како волонтер во Здружението, лицата со епилепсија имаат проблем со лековите.
– Често не се на позитивната листа или се премногу скапи. Дел од лицата со епилепсија може да ги набават лековите од странство, но поголемиот дел не можат да си дозволат, зашто се многу скапи. Апелираме до државата и до Министерството за здравство да помогне при снабдувањето со лекови за лицата со епилепсија, рече Апостолска.
Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски вели дека не само што треба да се едуцираат лицата со епилепсија, туку и граѓаните за да може да ги прифатат и да им помогнат.
– Оваа поддршка ја имаме од сите ученици и наставници во прилепските училишта кои денеска зборуваат за оваа невролошка болест и за начинот како треба да им се помогне на овие граѓани да се интегрираат во општеството затоа што во ниту еден момент не треба да се почувствуваат поинакви, рече Јованоски.
Ново на Сител
-

ПМФЛ: Дербито во Битола без голови
-

Собранието изгласа, возачите со „Б“ категорија ќе возат и мотоцикли до 125 кубика
-

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле
-

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година
-

Арагчи: САД треба да изберат дали сакаат прекин на огнот или продолжување на војната преку Израел
-

Пезешкијан го осуди кршењето на примирјето меѓу Иран и САД
-

Приведени тројца скопјани барани со потерница
-

Денвер го победи Мемфис, Јокиќ оствари трипл-дабл
