Епидемиологот Фонтане се надева на „враќање во нормалниот живот“ кон крајот на 2021 година
– Епидемиологот и член на Научниот совет на Франција, професор Арно Фонтане за РТЛ изјави дека по пандемијата со Ковид-19, се надева на враќање на нормалниот живот во последниот квартал од 2021 година. Но, оти за тоа „ќе треба поголема дистрибуција на вакцините“, додавајќи оти е „оптимист дека за шест месеци“ е можно вакцинирање на целото население, јави дописникот на МИА.
– Првата цел е да се вакцинираат најранливите. Втората цел е да се запре ширењето на вирусот. За ова ќе биде потребно да се допре до најмладите и да се прошири опфатот за вакцинација кај децата. Штом потврдиме дека нема сериозни негативни ефекти од вакцината, тогаш ќе можеме да ја намалиме старосната граница, посочи проф. Фонтанет.
Тој додаде дека несакани ефекти од вакцините се можни, но многу ретки.
Проф. Фонтанет посочи дека е тешко да се предвиди колку дози на вакцини ќе бидат достапни во рок од три месеци.
-Треба да можеме да вакцинираме осум милиони луѓе пред крајот на март, а потоа 12 милиони во април, истакна тој.
Епидемиологот главно инсистираше на важноста на „свеста од глобално ниво“.
– Ќе се ослободиме од вирусот само ако играме на картата на глобален здравствен проблем и вакцините ако стигнат до сите земји во светот. Во спротивно, ризикуваме да појава на нови видови на вирусот, нагласи проф. Фонтане.
Тој истакна дека вчера воведениот полициски час во Франција е последната можност за да не се воведе целосен карантин.
Ново на Сител
-
Обвинителство постапува за расчистување на физичкиот напад врз новинарската екипа на Алсат-М во Визбегово
-
Орбан: Зеленски е комичар кој глуми претседател
-
Вајц до бугарска новинарка: Треба да се информирате и малку да промислите за тоа што го зборувате
-
Тошковски: Ставени под контрола пожарите во Крива Паланка, Орман, Дојран, Николиќ и Волково
-
Пуштена за сообраќај скопската обиколница, сообраќајот кон ГП Блаце само за патнички возила
-
Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и Волково, ангажирани припадници на Армијата
-
Пет пожари активни на подрачјето на Град Скопје
-
Обвинителството постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово