Епидемијата на Зика предизвикана по грешка на бразилски биогенетичари

Сегашната епидемија на вирусот Зика веројатно е предизвикана по грешка, со ослободување на генетски модифицирани комарци, кои ги создале биогенетичарите во Бразил, пишува лондонски „Дејли Мирор“, повикувајќи се на извори во Светскта здравствена организација (СЗО).
Генетски модифицираните комарци требало да помогнат во спречувањето на ширењето на тропската грозница, која е присутна во делови од Бразил, но експертите сега стравуваат дека целата програма излегла од контрола, а она што се добило предизвикува смртоносен ефект кај новороденчињата.
Програмата за модифицирани комарци била создадена во текот на 2012 година.
Инсектите биле создадени од биотехнолошки експерти за борба против тропската грозница, но кога СЗО отпочна битка за спречување на ширењето на вириусот Зика се појавиле сомнежите за тоа што навистина го предизвика сегашното избунување на епидемија во Бразил, а потоа и во дури 23 земји од Латинска Америка и Карибите.
Вирусот е откриен уште во 50-тите години на 20-от век, но сегашната епидемија почна во Бразил во мај минатата година. Се претпоставува дека досега се заболени повеќе од 1,5 милиони лица.
Експертите тврдат дека дури 80 отсто од инфицираните не знаат дека се заболени, затоа што симпомите се налик на слаб грип, но се покажа дека се мошне опасни за новороденчињата, особено ако нивните мајки биле инфицирани од виирусот додека биле бремени.
Бебињата се раѓаат со невообичаено мали глави и со помал мозок, па лекарите велат дека тие нема долго да живеат.
Засега нема вакцина против овој вирус, а ниту постојат лекови за заразата.
Експертите откриваат дека биогенетичарите сакале да создадат само машки комарци и на тој начин да се спречи тропската грозница во бразилските рурални средини, но изгелда дека нешто било погрешно направенио, заклучува „Дејли Мирор“.
Ново на Сител
-

Во Франција за неколку дена регистрирани околу 1.000 смртни случаи повеќе од вообичаеното, соопштија властите
-

Во Франција за десет дена се удавиле 74 луѓе
-

СП 2026: Меси најдобар по групната фаза
-

Приведен маж од скопско поради сомнение за сторено убиство, во врска со случајот приведени се уште три лица
-

Приведени двајца возачи затоа што возеле во спротивен правец на патот Гостивар-Тетово
-

До вторник сончево и топло, потоа променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во Европската Унија мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална
-

Студентите во блокада во Србија на протест во Краљево
