Епидемија на мали сипаници во северен Лондон

Епидемија на мали сипаници избувна во северен Лондон каде повеќе од 60 деца се заразени, објавија здравствените власти, повикувајќи за вакцинација на деца, јавија денеска британските медиуми.
Епидемијата на мали сипаници брзо се прошири во седум училишта и градинка во северен Лондон, при што на некои деца им е потребно болничко лекување, објави „Сандеј тајмс“.
Агенцијата за безбедност на здравјето на Велика Британија (UKHSA) пријави 34 потврдени случаи на мали сипаници во Енфилд, Северен Лондон, помеѓу 1 јануари и 9 февруари.
UKHSA предупреди дека епидемијата би можела да се прошири на помеѓу 40.000 и 160.000 деца доколку не се спроведе итна вакцинација.
Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Велика Британија го изгубила статусот на земја каде што сипаниците беа елиминирани.
Ѕдравствените власти нагласија дека Лондон има „една од најниските, ако не и најниска стапка на вакцинација“ во земјата, што го прави главниот град особено ранлив на епидемија.
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
