ЕП во ракомет: Без ограничувања во Унгарија, до 25 отсто гледачи во Словачка
– Максимално дозволената исполнетост на трибините за натпреварите кои во рамки на претстојното Европско машко ракометно првенство ќе се играат во Словачка ќе изнесува 25 отсто од капацитетот, додека дуелите кои ќе ги организира кодомаќинот на завршниот турнир Унгарија, каде групната фаза ќе ја одигра и македонската репрезентација, ќе бидат без ограничувања за бројот на гледачи, соопшти ЕХФ.
Одлуката да се лимитира капацитетот за дуелите во Братислава и Кошице, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ), е донесена поради зголемениот број заразени со коронавирус во Словачка. Засега без ограничувања остануваат салите во Будимпешта, Сегед и Дебрецин во Унгарија. Европското првенство во Словачка и Унгарија ќе се одржи од 13. до 30 јануари. Македонската ракометна репрезентација своите натпревари од групната фаза ќе ги игра во Дебрецин, а прв противник на „црвено – жолтите“ ќе им биде Словенија, в четврток со почеток во 18 часот.
Ново на Сител
-
Како дел од карневалските празнувања за „Прочка“ во Прилеп прикажан обичајот „Амкање“
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет