-->
-->
ЕП Ватерполо:Италија и Хрватска без полуфинале
-->

Црна Гора и Унгарија ја формираа втората полуфинална двојка на Европското првенство во ватерполо, кое се одржува во Белград. Ден претходно, првата полуфинална двојка ја формираа бранителот на титулата и домаќин на првенството Србија и селекцијата на Грција.
На Црна Гора малкумина и даава шанси дека ќе може да ја мине Италија, но Црногорците во четвртфиналето славеа со 10:7. Капитенот Јановиќ со четири гола ја предводеше својата селекција, додека Бргуљан и Радовиќ постигнаа по два гола, колу што на спротивната страна најефикасниот Италијанец Ди Фулвио.
Второто четвртфинале и припадна на Унгарија која славеше со 8:5 над Хрватска. Инаку, Унгарија ја забележа осмата победа на последните девет соочувања со Хрватска.
Денеш Варга со три гола беше најефикасен кај Унгарците, додека Вукичевиќ со два гола беше најефикасен меѓу Хрватите, во чии редови потфрлија најдобрите Сукно и Јоковиќ, кои заедно постигнаа само еден гол.
Полуфиналните натпревари Црна Гора-Унгарија и Србија-Грција ќе се одиграат во среда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сушата ги зголеми трошоците на земјоделците во Струмичко
-

Мечки ги пустошат пчеларниците
-

Скулптурите од колонијата „Марко Цепенков - Дрен 2026″ ќе бидат поставени низ парковите во Прилеп
-

Русија го нападна родното место на Зеленски – Убиени најмалку 16 луѓе
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Филипче бара извинување од Мицкоски, премиерот ја нарече одлуката на обвинителството скандалозна
-

Опозицијата поделена по понудата за предвремени избори
-

Во Скопје детектирани 13 високо ризични места за ширење на западно-нилскиот вирус
