-->
-->
ЕП У_21: Македонија во групата со првопласираните реперзентации
-->

По завршувањето на натпреварите во деветте групи од квалификацискиот циклус за Европското фудбалско првенство за играчи до 21 година што во 2017 година ќе се одржи во Полска познати се десет учесници, а остануваат да се одиграат уште бараж натпреварите меѓу најдобрите четири второпласирани од групите.
Покрај домаќинот Полска, директен пласман обезбедија првопласираните меѓу кои е и Македонија (3-група). Останатите „патници“ на евро-шампионатот се: Чешка (1-група), Италија (2-група), Португалија (4-група), Данска (5-група), Шведска (6-група), Германија (7-група), Словачка (8-група) и Англија (9-група).
Бараж ќе играат Србија (2-група), Шпанија (6-група), Австрија (7-група) и Норвешка (9-група).
Двојките за баражот ќе бидат познати по жрепката закажана за в петок, додека извлекувањето на групите за ЕП ќе се одржи на 1.декември.
Европското првенство во Полска ќе се одржи од 16 до 30.јуни 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
