-->
-->
ЕП ракомет (ж): Финале Норвешка-Холандија
-->

Холандија и Норвешка ќе играат во финалето на Европското првенство за ракометарки кое се одржува во Шведска. Холандија во полуфиналето ја совлада Данска, а Норвешка беше подобра од Франција.
Холандија ја победи Данска 26:22, откако по нерешените 13:13 на полувремето, Холанѓанките на стартот од вториот дел направија серија 6:0 со која и го решија победникот.
Полман со седум и Грот со шест гола ја предводеа Холендија до победата, додека кај Данска со шест гола најефикасна беше Стине Јоргесен.
Норвешка славеше над Франција 20:16, благодарение на серијата 7:1 о периодот од 11. до 27.минута и серијата 4:0 во последните седум минути од натпреварот.
Одличната игра во дефанзива и големиот број на технички грешки го обележаа второто полуфинале. Блескаше норвешката голманка Солберг која мечот го заврши со 13 интервенции, вклучувајќи ги првите пет од пет обиди на Фрнацузинките во првиот дел, кога Норвешка негативата 4:7 ја претвори во позитива 11:8.
Нора Мерк со седум гола (пет од седум метри) ги предводеше стрелците кај Норвешка, додека вардарката Лакрабер со шест гола беше најефикасна кај Франција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
