Ракомет
24. January 2016 - 11:43

ЕП Ракомет: Полуфиналето на Франција „виси“?!

Победата на Норвешка против домаќинот Полска на ЕП во ракомет ги „збрка“ математиките на фаворитите во групата во која игра и Македонија. 

Реално доколку Полска ги победи Хрватска и Белорусија што е реално а Норвешка веќе „отпишаната“ Македонија тогаш Французите ќе мора во последното коло да играат на победа поголема од 4 гола разлика против Норвешка доколку сакаат да играат полуфинале. Во спротивно полуфинале ќе играат Полска и Норвешка. 
Со шанси да го освои второто место во групата се и Хрватите кои ќе мора да ја победат Полска откако таа претходно би ја победила Белорусија и на крајот Франција да загуби од Норвешка.