Ракомет
10. January 2020 - 9:24

ЕП ракомет 2020: Македонските навивачи ќе имаат свое место за собири во Виена

Големиот број македонски навивачи кои ќе ја бодрат македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Виена ќе имаат свое место за собирање пред и по дуелите. Во фан зоната најава за доаѓање има и од македонските иселеници кои живеат во Австрија, Швајцарија, Германија,...

Локалот на мак-фан зоната се наоѓа на следната адреса: LERCHENFELDER GÜRTEL 15 1160 WIEN.
 
Во текот на вчерашниот ден во салата забележавме и македонски навивачи, кои купуваа влезници и напоменаа дека сеуште има слободни места во салата која има капацитет од 12.000 седишта.
 
Од Виена
Марјан Ников