-->
-->
ЕП ракомет 2020: Македонците специјалисти за инфаркт завршници
-->
Македонската ракометна репрезентација досега на своите навивачи знаела да им приреди многу радости, но и многу натпревари со инфаркт завршници. Последниот таков беше пред два дена во Виена кога со голот на Лазаров во последниот напад забележана беше победа над Украина. На првото учество Македонија „запиша“ два нерешени резултати (едниот го загуби во продолжение од Италија дека беше натпревар за палсман).
На ЕП во Србија 2012 година, македонските ракометари одиграа дури четири натпревари кои завршија со еден гол позитива за нас или за противникот или нерешено (Данска, Германија, Шведска, Словенија со одбраната на Ристовски во последниот напад на ривалот стигнавме до петтото место).
На шампионатот 2014 година со Чешка одигравме нерешено, а Австрија минимално ја победивме. Две години подоцна во Краков од домаќинот Полска минимално загубивме, а потоа одигравме нерешено со Србија за пласман во следната фаза. Каде потоа ремизиравме и со Норвешка, а минимално загубивме од Белорусија.
На првенството пред две години во Хрватска повторно четири драмитични завршници и две победи (Словенија и Црна Гора) едно реми (Германија) и пораз (Чешка).
Ако се погледне статистички малку над половина од натпреварите македонските навивачи дали во салите или покрај телевизорите следеле инфаркт натпревари. Тоа низ бројки изгледа вака од 32 натпревари колку Македонија досега одиграла на Европските првенства - 17 завршиле со +/-1 или нерешено. Македонија има пет победи од еден разлика, исто толку порази и 7 натпревари завршиле нерешено.
- РУСИЈА – МАКЕДОНИЈА 26:26
- МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА 26:27 пр. 23:23
- МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 26:26
- МАКЕДОНИЈА – ГЕРМАНИЈА 23:24
- МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 32:33
- МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 28:27
- МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА 24:24
- МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА 22:21
- МАКЕДОНИЈА – ПОЛСКА 23:24
- МАКЕДОНИЈА – СРБИЈА 27:27
- МАКЕДОНИЈА – НОРВЕШКА 31:31
- МАКЕДОНИЈА – БЕЛОРУСИЈА 29:30
- МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 25:24
- МАКЕДОНИЈА – ЦРНА ГОРА 29:28
- МАКЕДОНИЈА - ГЕРМАНИЈА 25:25
- МАКЕДОНИЈА - ЧЕШКА 24:25
- МАКЕДОНИЈА - УКРАИНА 26:25
Од Виена
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир