Loading Video...
Ракомет
12. January 2020 - 18:50

ЕП ракомет 2020: Чесите ги казнија грешките на Македонија

Лошиот почеток на второто полувреме го донесе првиот пораз на македонските ракометари на ЕП во Виена. Чешка славеше на крајот со 27:25, откако на полувреме Македонија водеше со 11:9. По почетното водство на првивникот и 5:5 во 11.минута Македонија се одлепи на два гола и оваа предност пред на добрата игра во одбрана ја имавме и по 30 минути игра.

Почетокот на вториот дел почна со 5:1 на Чешка, која набрзина дојде во водство од 15:12. Од првите девет гола на Чешка во вториот дел 5 постигна Кашпарек.

По тајм аутот на Брестовац Македонија намали на еден негатива, но и во следните два напада ги завршуваа во пречката и стативата од голот на Галиа.

Во 51.минута Чешка ги имаше и највисоките +4 (22:18), но македонските ракометари се вратија со серија од 4-0 за 22:22.

Во драматичната завршница пртивникот ги искористи своите напади и го имаше расположениот Галиа на голот, па така со голот на Ванчо на 23 секунди до крајот Чешка стигна до првата победа на шампионатот. Најдобар на дуелот беше чешкиот голман Галија со 14, додека најефикасен беше Лазаров со 11 голови. 

За пласман во следната фаза за нашата репрезентација ќе биде последниот дуел од групата во вторник против домаќинот Австрија.

Од Виена, Марјан Ников