Ракомет
19. January 2016 - 10:50

ЕП Полска 2016: Трето коло - прв ден (распоред)

На Европското првенство во ракомет што се одржува во Полска денеска се играат првите натпревари од 3.коло во групите А и Б.

За нас секако е најважен дуелот меѓу Македонија и Србија што се игра во Краков. Почетокот е во 18:15 часот. Ова е натпревар за 3.место во групата и за палсман во следната фаза. Во вториот дуел од групата од 20:30 часот играат Франција и Полска за првото место.
Табела А група: Франција 4 бодови (+17 гол разлика), Полска 4 (+2), Македонија 0 (-8), Србија 0 (-11).
 
Во групата Б што се игра во Катовице сите селекции стартуваат со ист број бодови (2). Победниците на натпреварите ќе се пласираат во следната фаза и само една селекција од поразените, се доколку нема нерешен резултат. Ако двата дуела завршат нерешено редоследот ќе остане непроменет.
Од 18:15 часот играат Белорусија и Норвешка, а од 20:30 часот е дуелот Хрватска - Исланд.
Табела Б група: Хрватска 2 (+3), Норвешка 2 (+2,) Исланд 2 (0), Белорусија 2 (-5).