Ракомет
23. January 2016 - 22:12

ЕП Полска 2016: Прв пораз за Полска, Норвешка најблиску до полуфиналето

Ракометарите на Норвешка остварија нова победа прва во групата 1 од ЕП што се игра во Полска. Тие вечерва го победија домаќинот Полска со 30:28.

Со многу подобра игра во 3/4 од натпреварот Норвежаните се изедначија со бројот на бодови со Франција во групата, но имаат и натпревар помалку.
Хансен од Норвешка постигна 8 голови, а најефикасен беше Полјакот Биелецки кој постигна 10 голови.
Во второто полувреме Норвешка имаше водство.
На првиот натпревар денеска Франција ја победи Хрватска со 32:24.
Табела: Франција 6 бодови, Норвешка 6, Полска 4, Хрватска 4, Македонија 0, Белорусија 0.