Ракомет
17. January 2016 - 22:13

ЕП Полска 2016: Полска првпат ја победи Македонија

Втор пораз на македонските ракометари на ЕП во Полска, вечерва поуспешни од нашите ракометри беа домаќините Полска со 24:23 (13:11). Со ова во последното коло Македонија влегува без бод исто како и Србија . Македонија има гол разлика (- 8 ), а Србија (-11).  Воедно ова е прва победа на Полска над Македонија.

По водството на Полска од 2:1 (ние првиот гол го дадовме во 4.минута), нашата репрезентација успеа да направи серија од 5-0 за водство од 6:2 во 15.минута. Во тој период ја искористивме предноста од играч повеќе кога постигнавме два гола, а потоа и по контрата на Георгиевски дадовме и гол со играч помалку. Одбраната на чело со голамнот Ристовски беше перфектна во тие моменти, а Ристовски одбрани два „зицери“.

Своите минути во првиот дел одлично пред се во нападот ги искористи Митков, кој два напада едноподруго ги заврши со гол. Во продолжението од првиот дел домаќинот Полска го консолидира нападот и пред се преку Сипржак (постигна пет голови) ја намали разликата на 9:8 и 10:9. Во последната минута од првиот дел испуштивме шанса за три гола разлика откако најпрвија германските судии целелинот и голот на Манасков го поништија заради престап, а потоа во контрата Манасков и направи пресат, но не завршија возбудувањата тука бидејќи во последните секунди пак Манасков мораше да шутира но поради далечината тоа беше лесен плен за Шмал.

На стартот од вториот дел Македонија по пеналот на К.Лазаров имаше +3 (14:11), но потоа противникот го искористи исклучувањето на Јоноски за два брзи гола и Полска потоа и поведе со 16:15. Во период направивме неколку грешки во нападот и имавме лесни удари кон голот на Шмал. Во тој период имаше и повреда на раката на Миркуловски  (крв) што Полска го искористи. Ние не реализиравме пенал (К.Лазаров), а Полска погоди за водство од 18:17. Во периодот од 40-50.минута капитенот Лазаров не реализираше два седмерци, а портивникот знаеше да казни.

Важен гол постигна Стоилов за да намали на 19:20. Во следниот напад со играч повеќе Стоилов испушти шанса да изедначи откако неговиот удар заврши во стативата.

Во завршницата и кога имавме играч правевме грешки во нападот пред се, а Полјаците на голот го имаа извонредниот Шмал во вториот дел (7 одбрани). Во финишот откако Полска поведе со 24:20, успеавме да го ублажиме поразот

Најдобар стрелец кај Македонија беше Кирил Лазаров 8 гола (три пенали), а кај Полска Сипржак со 6.

Ристовски и Шмал имаа по 11 одбрани.

Утре е слободен ден, а во вторник на Македонија ќе игра против Србија.

Од Краков, Марјан Ников