Фудбал
6. September 2015 - 16:17

ЕП Кошарка: Хрватите без Богдановиќ против Грција

Бекот на Хрватска, Бојан Богдановиќ, поради потрес на мозокот ќе го пропушти натпреварот од второто коло во коj противник на ‘коцкестите’ ќе биде Грција, соопшти Кошаркарскиот сојуз на Хрватска.
 
Богдановиќ во победата на Хрватска над Словенија (80:73), во третата четвртина при еден незгоден пад силно удри со главата во паркетот, поради што веднаш го напушти теренот и повеќе не се враќаше во игра.
 
Прегледите покажале дека тој се здобил со полесен потрес на мозокот, а иако тој инсистирал да настапи против Грција, стручниот штаб на репрезентацијата не му го дозволил тоа.
 
„Богдановиќ сигурно нема да игра против Грција, иако тој инсистираше да настапи на овој меч. Ќе ја следиме внимателно ситуацијата, но тој би требало да биде подготвен да игра во вторник против Македонија“, стои во соопштението на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска.