Фудбал
3. February 2016 - 9:41

ЕП футсал: Шпанија лесно против Унгарија

 
 Футсал репрезентацијата на Шпанија синоќа ја совлада Унгарија со 5:2 во првиот натпревар од Б-групата на Европското првенство што се игра во Белград.
 
Претходно, на отворањето на ЕП, репрезентацијата домаќин Србија во рамките на групата А ја победи Словенија со 5:1.
 
Денеска на шампионатот се играат два натпревара: 
Русија – Казахстан (Ц група) и 
Италија – Азербејџан (Д група).
 
Дванаесет репрезентации се поделени во четири групи со по три селекции. Натпреварите по групи се играат до 9 февруари, а на 11 февруари на програмата се полуфиналните дуели, додека финалето ќе се игра на 13 февруари. Сите дуели се играат во „Комбанк Арена“