Спорт плус
13. February 2016 - 23:03

ЕП футсал: Европската титула за Шпанија

Со победата од 7:3 во финалето над Русија селекцијата на Шпанија во футсал ја освои титулата европски првак. Ова за „црвената фурија“ беше вкупно седма титула на десетте досега одржани европски прванества.

Во дуелот за бронзениот медал Казахстан ја победи Србија со 5:2.
Следното ЕП ќе се одржи по две години во Словенија.