Фудбал
20. јуни 2017 - 20:13

ЕП фудбал У-21: Македонските младинци пропуштија шанса да ја совладаат Србија

 

  Младите македонски фудбалери пропуштија голема можност да ја совладаат Србија на Европското првенство за играчи до 21 година што се одржува во Полска. 
 
Во натпреварот од 2.коло на Б групата одигран попладнево во Бидгош, селекциите на Македонија и Србија одиграа без победник 2:2. 
 
Србите првиот дел го добија благодарение на голот на Мијат Гачиновиќ во 24.минута, на кој му претходеше недозволена офсајд ситуација на асистентот Урош Џурѓевиќ. Сепак. Во вториот дел црвено-жолтите успеаја да направат комплетен резултатски пресврт. Во 64.минута Барди од пенал го израмни резултатот на 1:1, а Ѓорѓев во 83.минута со прекрасен гол и донесе водство на Македонија од 2:1. 
 
Шансата да се забележи првата победа на шампионатот беше пропуштена во последната 90.минута, која Џурѓевиќ со глава го совлада нашиот голман Алексовски.
 
Во вториот меч од оваа група вечерва (20:45 часот) ќе играат Португалија и Шпанија, селекции кои во првото коло беа забележаа победи.