Спорт плус
28. September 2019 - 9:50

ЕП: Финале Србија-Словенија

Одбојкарите на Србија се вториот финалист на Европското одбојкарско првенство откако славеше над Франција со 3:2 по сетови 23:25, 25:23, 25:21, 17:25 и 15:7 . Мечот се одигра во Париз.

Српските одбојкари ќе го играат второто финале кое може да им донесе второ злато. Првото го одиграа пред осум години кога во Виена со 3:1 ја совладаа Италија и сега ќе се борат за своето второ злато.

Мечот со Словенија ќе се игра во  недела (29 септември) од 17.30 часот во Париз.

На вечерашниот дуел во редовите на српската селекција доминираше Александар Атанасијевиќ со 27 поени, следен од Урош Ковачевиќ со 18 поени. За „триколорите“ 29 поени запиша Ирвин Нгапет, 10 помалку Стефен Бојер.

В сабота во Париз од 18.00 часот за бронзата ќе се борат Франција и Полска.