ЕП: Бугарија и Романија ги исполнуваат условите за прием во шенген зоната

Европскиот парламент усвои извештај со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген зоната, бидејќи ги исполниле условите. !„За“ приемот гласаа 505 гласа европратеници, 134 беа „против“, а 54 беа „воздржани“, се наведува во соопштението на ЕП.
Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП , но исто така се повика Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.
ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.
Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
-

Авантуристички туризам - нов прозорец кон развој
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Идната недела стартуваат разговорите за реконструкција на Владата
-

Сиљановска: Проверка на потекло на имот и сериозни реформи за поголема доверба во судството
-

Ахмети најави повлекување, аналитичарите не очекуваат брза смена
