Кошарка
6. August 2016 - 22:27

ЕП - Б дивизија: Исланд пречка за македонските јуниори

Јуниорската репрезентација на Македонија (играчи до 20 години) доживеа нов пораз на Европското првенство Б дивизија што се игра во Скопје. Во СЦ „Јане Сандански“ поуспешни од нашите јуниори беа врсниците од Исланд кои победија со 94:84 (22:17; 27:32; 23:18 и 22:17).
Во текот на поголемиот дел од натпреварот Исланд имаше водство, а Македонија успеа на полувреме да изедначи, но нашите играчи нема сили за пресврт и победа. Најефикасен кај Македонија беше Ненад Димитријевиќ со 30 поени, додека на натпреварот најпрецизен беше Тјорбјарнарсон со 39 поени. 
Утре на последниот ден од шампионатот нашиот тим ќе игра во натпреварот за 15.место против Данска, која загуби од Португалија со 65:46. Овој натпревар се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14:15 часот.