-->
-->
ЕП 2017: Полска, еве сме доаѓаме и ние Македонците!!!
-->

Младата репрезентација на Македонија ја совлада Шкотска со 2-0 со головите на Маркоски и Барди и го освои првото место во 3. квалификациска група со што обезбеди директен пласман на ЕП во Полска наредната година.
Ова е историски пласман затоа што ова е прва селекција што обезбеди учество преку квалификации на вака голем настан.
Селекторот Милевски и фудбалерите беа возбудени на прес конференцијата каде се појавија во полн состав и најавија дека ова не е последниот збор на оваа генерација:
„ Не размислував што се случува вечерва едноставно посакував поради овие момчиња да ја совладаме Шкотска и да одиме понатаму. Затоа што овие момчиња тоа го заслужија. Дури кога заврши натпреварот бев свесен што се случи кога дознавм дека Украина ја совладала селекцијата на Исланд со 3-2“ - рече Милевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нови правила за фер вработувања во јавниот сектор
-

Целосно е реновирано одделението за трауматологија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
