Ентузијазмот на младиот д-р Арсенков ја носи Вештачката интелигенција во македонското здравство
Развојот на вештачката интелигенција молскавично го менува светот. Технолошките гиганти главно од САД и Кина, но и старпатите влијаат на секојдневието, особено на начинот на употребата на интернетот и социјалните мрежи.
Но влијанието на вештачката интелигенција во економијата, медицината, образованието, безбедноста отвора многу прашања. Кои се лимитите на вештачката интелигеција? Дали треба да се плашиме за работните места? Дали сме безбедни и дали е загрозена нашата приватност? Дали грешка може да биде кобна и да чини живот?
Ова се прaшања кои ги мачат големите играчи на технолошката сцена. Македонија е премногу мала и не и преостанува ништо друго освен да се обиде да го следи технолошкиот развој и како држава, но и бизнисот и работникот.
Томас Гуритан, специјалист по разговорна и вештачка интелигенција од Франција неодамна во Тема на денот рече дека сега главен предизвик ќе биде како работникот да ја искомбинира сопствената и вештачката интелигенција.
-Вештачката интелигенција нема да ни ги земе нашите работи денес, можеби не утре, но ќе почне да работи на дел од нашата работа, некои задачи. За да завршиме некои задачи можеме да имаме помош од ЧетГПТ. Но за да се користи одговорно мора прво разбере како функционира, мора да се разбере приватноста, како да се користи и да се додаде сопствената интелигенција и експертиза, вели Гуритан.
Вештачката интелигенција ги револуционизира речиси сите индустрии, но и медицината и тоа како гледаме на грижата за здравјето.
-Македонија е се уште далеку од модерните технолошки текови. Но, за среќа има млади доктори кои со својот ентузијазам се обидуваат да го подигнат нивото на македонското здравство.
Д-р Стефан Арсенков е млад хирург кој Универзитетската клиника „Св Наум Охридски“ кој користи вештачка интелигенција за предоперативно планирање. Како што вели, ако досега „пешки“ моделирал и по 10 часа, сега неговата работа се скратува на 2 до 3 часа.
-Вештачката интелигенција ни користи во принцип да ни ја скрати работата што би ја правеле неколку часови, ни ја крати на неколку минути за потоа само корекција и адаптација направиме и ги добиваме овие 3Д модели на органите на пациентите кои ги користиме за преоперативно планирање и ни дозволува да бидеме многу попрецизни и многу поефективни во тек на операција, вели д-р Арсенков.
Иако вештачката интелигенција се развива молскавично брзо, таа е далеку од безгрешна. Затоа задачата на д-р Арсенков е да ги „улови“ грешките.
-Вештачката интелигенција е само алатка којашто ја користиме исто како што било кој друг инструмент не може да направи грешка, ако хирургот не направи грешка. Така и ВИ прави грешки во процесот на генерирање на моделите, но мојата работа е да ги увидам и коригирам тие грешки или евентуални пропусти. Имајќи на ум дека не може да очекуваме и да се потпреме само на интерпретацијата на вештачката интелигенција, вели Арсенков.
Вели, не стравува за својата позиција бидејќи навремел го видел потенцијалнот на вештачката интелигенција.
Македонското здравство е далеку зад западните. Вештачка интелигеција се користи само благодарение на ентузијазмот на д-р Арсенков.
3Д моделите кои ги изработува имаат двојна намена и можат да ги користат студентите по медицина и преку нив одблиску да видат реални случаи на здравстени проблеми.
Развојот на вештачката интелигенција се уште е во сива зона на светски рамки. Американските технолошки гиганти се тие кои го движат развојот во западниот свет, кинеските компании контролирани од државата го движат развојот на истокот. Европската унија е третиот играч кој се постави како лидер за етички развој на вештачката интелигенција носејќи го „Ai Act“ - како прв правен инструмент за регулирање. Македонија има Национално координативно тело за Вештачка интелигенција кое досега има одржано само една - конститутивна седница.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар