-->
-->
Енрике оптимист: Можеме да му дадеме 6 гола на ПСЖ!!!
-->

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, со голема доза на оптимизам го очекува возвратниот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите против француски ПСЖ, иако неговиот тим првиот меч го загуби со 0:4.
Луис Енрике, предводникот на Барселона, смета дека неговите избраници можат да го елиминираат ПСЖ и покрај тоа што имаат голема негатива. Енрике со офанзивна формација ќе му се спротивстави на францускиот шампион во реваншот кој ќе се одигра в среда на „Камп Ноу“.
„Ние сме на половина од нашиот дуел. Треба да се одиграат уште 90 минути, во кои многу работи можат да се случат. Влегувам во мечот со позитивен став. Мора да бидеме добри во одбраната и во нападот. Ние секогаш сме оптимисти и веруваме дека може да го направиме ова. Ако некој може против нас да постигне четири гола, тогаш ние против нив можеме да постигнеме шест. Немаме што да загубиме. Никогаш претходно не сме биле во ваква ситуација, но јас верувам во својот тим“, рекол Енрике.
Тренерот на Барселона потенцира дека неговиот тим не треба да го одигра својот најдобар натпревар во неговата ера за да се пласира во четвртфиналето.
„Мораме да играме добро и напаѓачки, но сé зависи од тоа како натпреварот ќе се одвива“, дополнил Енрике.
Луис Енрике пред новинарите нагласил дека тимот не зависи од Меси, туку дека Барселона делува како тим и дека тимската работа е најважното нешто..
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра – ќе има отпуштања и клуч на врата
-

ЕБОР го откочи процесот за БРТ: Колку нови автобуси ќе има за скопјани?
-

Одбележани 154 години од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев
-

Преглед на вестите од светот
-

Министерството за здравство го истражува „извозот на мозоци“
-

154 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев
-

Владата и УПОЗ утре ќе го потпишат колективниот договор, ССМ од вторник почнува со блокади
-

Занаетчиите против минималец од 600 евра, покачувањето ќе им ги затвори бизнисите
