Енергетската независност, безбедност и диверзификацијата на изворите на енергенси, тема на средбата Бектеши – Лајт
Развојот на пазарот на енергија во Северна Македонија, енергетската транзиција, безбедност и диверзификација во снабдување со енергенси, како и инвестиции во зелена енергија, беа главна тема на денешната средба во Вашингтон на министерот за економија Крешник Бектеши со американскиот помошник секретар за енергетика задолжен за меѓународни односи Ендру Лајт.
Како што соопшти Министерството за економија, Бектеши на состанокот информираше за инвестициите што земјава ги реализира во делот на енергетскиот сектор, пред се во развој на дистрибутивна мрежа за природен гас и интерконекциите за природен гас со соседните земји, како и мерките кои се превземаат за создавање на услови за инвестициите во изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.
– Министерот Бектеши јасно даде до знаење дека согласно долгорочната стратегија во енергетскиот сектор, Република Северна Македонија ја цени поддршката на својот партнер САД, со заеднички придонес да продолжат да ги развиваат концептите кои се фокус на развој на енергетскиот сектор. Двајцата соговорници се договорија добро воспоставената соработка да продолжи во континуитет, се додава во соопштението.
Бектеши е дел до владината делегација, предводена од шефот на дипломатијата Бујар Османи, што во Вашингтон ќе учествува во Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Во состав на делегацијата покрај Бектеши, се и министерките за одбрана и за култура Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач
-
Без струја утре делови од Кисела Вода и Чучер Сандево, без вода дел од улица „Јани Лукровски“
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување