Ембид постигна 70, Ентони Таунс „само“ 62 поени

Џоел Ембид и Карл-Ентони Таунс ја обележаа изминатаа ноќ во НБА лигата. Актуелниот МВП, Ембид постигна 70, а лидерот на Минесота Таунс „само“ 62 поени.
Камерунецот, кој ќе игра за репрезентацијата на САД, постигна неверојатни 70 поени во победата на Филаделфија над Сан Антонио Спарс 133:123.
Ова е рекорд на франшизата, чиј дрес низ историјата го носеле легендите: Џулиус Ирвинг, Мозес Мелоун, Ендрју Тони, Чарлс Баркли, Ален Ајверсон…
Ова е личен рекорд на Ембид и воедно рекорд на досегашниот тек на сезоната. На почетокот Јанис Адетокумбо стана рекордер на Милвоки Бакс со 64 поени.
Ембиид стана деветтиот играч во историјата на лигата кој постигнал најмалку 70 поени на еден натпревар. Пред него ваков подвиг направија: Вилт Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Демијан Лилард, Донован Мичел, Дејвид Робинсон, Елгин Бејлор и Девин Букер.
По победата, Ембиид ја посвети својата игра на Коби Брајант на социјалните мрежи.
Карл-Ентони Таунс го предводеше лидерот на Западот, Минесота до победата над Шарлот Хрнетс 128:125.
Репрезентативецот на Доминиканската Република натпреварот го заврши со 62 поени (21/35 од поле, 10/14 слободни фрлања), осум и две асистенции за 38 минути игра.
Ново на Сител
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
-

Камионџиите утре ќе ги блокираат граничните премини поради новите правила за влез во ЕУ
-

Или промени или распад - Членството на СДСМ со порака до раководството
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
