Емануел Макрон со порака до Французите: Да ја сакаме Франција
Во своето прво обраќање до нацијата, откако денеска беше избран за нов претседтаел на Франција, Емануел Макрон ги повика „сите Французи дека ги штитат најранливите меѓу нив“, јави дописникот на МИА од Париз.
- Вие избравте да ми ја дадете вашата доверба и јас ви ја изразувам мојата длабока благодарност, рече новиот француски претседател говореќи од неговиот изборен штаб.
Тој притоа нагласи дека чувствува „чест и одговорност“. - Ви благодарам од срце. Јас нема да ве заборавам, рече Макрон.
- Сакам вечерва да испратам републикански поздрав до мојот противник г-ѓа Ле Пен. Ги знам поделбите на нашата земја, кои ги доведоа некои до екстремно гласање. Моја е одговорноста да ги слушнам, посебно заштитувајќи ги најранливите, рече новиот француски претседател.
Тој пораќа дека вечерва им се обраќа на „сите, на целиот народ на Франција“.
- Вечерва се отвора една нова страница од нашата долга историја. Сакам таа да биде (страница) на повторно пронајдена надеж и обновена доверба, рече тој.
Во врска со ЕУ, Mакрон вети дека „ќе работи за да ја зајакне врската меѓу Европа и народите кои ја формираат“.
Макрон, исто така, гарантираше дека Франција ќе биде „во првите редови на борбата против тероризмот, како на нејзината територија, така и во странство."
- Во текот на петте години кои се отвораат. Мојата одговорност ќе биде да ги смирам стравувањата. Мојата одговорност ќе биде да се соберат сите жени и сите мажи кои се подготвени да се соочат со огромните предизвици кои не очекуваат во иднина, порача Макрон.
Тој најави дека ќе се бори со сета своја сила против поделбите што ја поткопуваат Фрамнција.
- Само така на францускиот народ можеме да му ја вратиме шансата која Франција му ја должи. Да ја сакаме Франција. За следните пет години кои доаѓаат, јас со смирениост, посветеност и одлучност ќе и служам во ваше име. Да живее Републиката, да живее Франција, го заврши Макрон своето прво јавно обраќање по денешниот избор за нов француски претседател.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот