Емануел Макрон: На Европа и се заканува геополитичко исчезнување

Француските медиуми изутринава се осврнуваат на интервјуто што Емануел Макрон што го даде за британскиот магазин „Економист”, во кое шефот на француската држава вели дека НАТО е во состојба на „клиничка смрт”, јавува дописникот на МИА.
Повлекувањето на САД од меѓународната сцена и пркосното однесување на Турција кон нејзините партнери во НАТО помогнаа во создавање на нов геополитички контекст што го фаворизира појавувањето на нови сили и го намалува влијанието на Европа, е анализата за изнесените мислења на Емануел Макрон.
Имено, во интервју дадено за британскиот неделник „Економист”, Емануел Макрон, кој отсекогаш бил многу реален во својата надворешна политика, ги повика своите европски партнери да се „разбудат”, инаку, континентот, кој според него е „на работ на пропаста”, ќе исчезне на геополитичко ниво.
Францускиот претседател, според „Фигаро” сака да ја нарече мачката – мачка. Тој не ги користи дипломатските формулации. Во британскиот неделник тој вели дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт”.
Ударите против Атлантската алијанса кои ги изврши американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи ја „застарена”, внесе сомнеж во неговата волја да ја испочитува воената солидарност предвидена со член 5 од Договорот на НАТО во случај на напад против една од неговите членки. За Емануел Макрон, НАТО „е проект во кој САД обезбедуваат форма на геополитички чадор, но за возврат, мора да има комерцијална ексклузивност. Франција не потпиша за тоа”.
Но, нападите врз Алијансата доаѓаат и од Турција, еден од столбовите на НАТО, која води еднострана и потенцијално дестабилизирачка воена интервенција во Сирија и се приближи до Русија, која ја сака смртта на Алијансата.
Според францускиот претседател, овој нов стратешки контекст треба да ги натера Европејците да ја „преиспитаат реалноста” и да реагираат.
Европа, вели тој, покажува „извонредна кревкост”. „За 70 години, постигнавме мало геополитичко, историско, цивилизациско чудо: политичка равенка без хегемонија која овозможува мир. (…) Но, денес има серија феномени што нè ставаат во ситуација на работ на пропаста “, инсистира тој. Според него, Европа се соочува со голем број опасности: фактот дека таа „заборавила дека е заедница, постепено размислувајќи за себеси како пазар”; незаинтересираноста на нашиот „голем американски сојузник” за Европа; појавата на Кина, што ја маргинализира, и враќањето на авторитарните сили.
– Ако не се разбудиме (…), постои значителен ризик дека ќе исчезнеме геополитички на долг рок, или барем дека веќе не ќе ја контролираме нашата судбина. Верувам во тоа многу длабоко – предупреди тој.
Овој скок, што треба да доведе до реконституција на „моќна Европа”, според него, оди преку два патишта, ако тоа не се направи Европа би направила „огромна грешка”.
А тоа е развој на вистински „воен суверенитет” и заживување на дијалогот со Русија. Првиот пат е долгогодишна борба на сите француски лидери долги години. Но, досега не е прифатена од други земји освен Франција и Велика Британија. И особено не од Германија, најголемата економска сила на ЕУ. Вториот пат се обидоа да го земат и претходниците на Емануел Макрон. Без успех.
Ново на Сител
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
-

Мерц: Поддржете ја мојата пензиска реформа или ќе пропуштите шанса што се случува еднаш во генерација
-

УЈП: Наближува рокот за поднесување на првите даночни пријави врз основа на Законот за минимален глобален данок на добивка
-

Собранието не ја прифати интерпелацијата за министерот Тошковски
-

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото
