Емануел Макрон денеска ја презема претседателската функција од Франоса Оланд

Свеченостите на инагурацијата на новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон ќе почнат изутринава во десет часот во Елисејската палата, јавува дописникот на МИА од Париз.
Точно во десет часот во Елисејската палата ќе пристигне Емануел Макрон, новоизбраниот претседател, каде ќе биде пречекан во дворот од претседателот Франсоа Оланд.
Двата претседатели потоа ќе имаат дваесет и пет минутен разговор, без присуство на медиуми, при што новиот претседател ќе биде информиран за најчуствителните државни прашања.
Во 10 часот и триесет минути Франоса Оланд ќе ја напушти Елисејската палата.
Подоцна во Салонот на амбасадорите, новиот оретседател ќе биде одликуван со Големиот крст на Легијата на честа од Генералот Беноа Пуга.
Потоа, во празничната сала на Елисесјката палата, најпрво официјално ќе бидат прогласени резултатите од изборите од претседателот на Уставниот совет, Лоран Фабиус,
Емануел Макрон потоа ќе го одржи својот прв говор како претседател на Републиката, по што ќе ги поздраи присутните гости на свеченоста, оддавање на почест на знамето, Марсељезата, смотра на трупите и 21 топовски плотуни, кои ќе го поздрават новиот претседател.
Во Елисејката палаат свеченостите завршуваат во 11 часот и триесет минути, по што во 12 часот Емануел Макрон заминува од Елисејските полиња кон Триумфалната капија, каде ќе му оддаде почит на гробот Незнајниот војник.
По свеченостите на Триумфалната капија, вечерва во 17 часот Претседателот Емануел Макорн ќе биде примен по традиција од градоначлничката на Париз, Ан Идалго.
Првото патување во странство за новиот претседател исто така е симболично – Берлин каде ќе има средба со Ангела Меркел.
Ново на Сител
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
-

Мицотакис за протестите на земјоделците: Нема да подлегнеме на уцени од оние кои бараат, а не се подготвени на дијалог
-

Сиљановска - Давкова: Ако има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе се најде и за нас
-

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба во кошаркарски клуб Куманово
