Ема уапсена на јахта, кокаинот го скрила во гаќичките

Подгоричанката Ема Ѓухиќ (24) кај која полицијата пронајде кокаин скриен во долната облека е пуштена да се брани од слобода.
Таа е уапсена во средата во тиватската марина Порто Монтенегро, откако полицијата кај неа пронајде кокаин. Полицијата во нејзината долна облека пронајде седум пакувања кокаин, со вкупна количина од 7,5 грама.
Нејзиниот адвокат Борко Вукашиновиќ рече дека пронајдениот кокаин и бил за лична употреба.
-Таа дрога не била за продажба, ниту за илегален промет, вели тој.
Граничната полиција вчера ја приведе и которчанката Жељка Роловиќ (39), Вана Симиќ (22) од Лозница, Александра Радојевиќ (26) од Белград и Марко Луѓиќ (30) од Загреб кои биле во друштво со Ѓухиќ.
Извор од истрагата наведе дека полицијата имала дојава дека таа екипа ќе внесе кокаин на јахта, а при претресот на петорката кај Ѓухиќ е одземена материја за која се сомнева дека е кокаин.
Ѓухиќ и Роловиќ во јануари се уапсени во Будва откако кај нив полицијата пронајде 13 грама марихуана. Обвинителот тогаш се изјасни дека не сториле кривично дело, поради што полицијата ги пушти на слобода и прекршочно ги гонеше за поседување дрога.
Роловиќ, односно мадам Жељка која така е позната во јавноста уаспена е во август минатата година под сомнение дека стои зад организиран ланец на проституција, односно дека за клиентелата со длабоки џепови подведувала десетина атрактивни девојки.
Полицијата тогаш тврдеше дека Роловиќ давањето сексуални услуги го договарала и организирала во хотелите, приватните сместувања, јахти...
Во ноември 2015 година со обвинителството потпиша договор за признавање на вина.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода скопјанец баран со потерница за затворска казна од една и пол година
-

Пороен дожд и грмежи северозападно од Скопје, нестабилно и во Полог и Овче Поле
-

ЦУК: Регистрирани пет пожари на отворен простор, еден сѐ уште активен
-

Сиљановска-Давкова и Бројер: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО, има простор за продлабочување на билатералната соработка
-

Мортус пијан тетовец со 2,49 промили алкохол сакал да ограби казино со нож
-

Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија
-

ЦУК: Активен пожар во кичевското село Србица, пожарот во селото Бајково во општина Ново Село под контрола
-

Платил 28.700 евра на лажен службеник за враќање на запленето злато, останал и без пари и без злато


