Свет
22. August 2017 - 13:48

Елиф Шафак: Национализмот е деструктивен и покренува насилство

Турската писателка Елиф Шафак предупреди на заканата од национализмот, секаде каде ќе се појави и каде потоа се развива, инсистирајќи дека никаде и во ниту една ситуација, на него не може да се гледа поинаку, освен како на нешто негативно.

Според шкотските медиуми, таа на една книжевна дебата во Единбург го опишала национализмот како погубен, затоа што покренува насилство.

- Доаѓам од Турција и гледајќи го искуството од мојата земја, од земјите на Блискиот Исток и на Балканот, можам да речам дека национализмот насекаде, а посебено за мене, има исклучително лошо и негативно значење, изјави Шафак.

- Станува збор за грда општествена состојба, која се претвора во деструктивна сила, што потоа го покренува насилството, создава некакви имагинарни категории на луге и придонесува за задушување на културолошката коегзистенција, изјави во Единбург оваа турска писателка.

Елиф Шафак во пошироката книжевна јавнст е најмногу позната по романот „ Копилето од Истанбул„ особено откако во дел од турската јавност беше остро критикувана и обвинувана дека со својата книга го „оцрнила туркството“.

Интересот за нејзниниот настап во Единбург, освен како за познат турски писател, беше зголемен и затоа што нејзината елаборација за национализмот и предупредувањето од опасностите што ги носи со себе, се совпаѓа со признанието на лидерот на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен, дека зборот „национална„ во името на партијата веќе претставува проблем , како и дека затоа можеби ке треба да се промени.