Македонија
28. јуни 2024 - 15:34

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

Нова директорка на Управата за јавни приходи е Елена Петрова, а за директор на Царинската управа е назначен Бобан Николовски.

Новите кадровски решенија се овие институции се назначени на денешната владина седница. 

Петрова ја извршуваше функцијата дополнителен заменик-министер за финансии во техничката Влада. Таа е дипломиран економист со над 25 години искуство во Управата за јавни приходи, каде што работела на раководни позиции, вклучувајќи управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.

Од владината прес-служба информираат дека таа има активно учество во неколку управни одбори и поседува лиценци и сертификати, вклучувајќи обуки и соработки со Светска банка, ММФ и други меѓународни организации.

Николовски доаѓа од позицијата пратеник во македонското Собрание и има 15 години работно искуство во Царинската управа, вклучувајќи и работа како директор на ЈП „Куманово план“. Има магистратура по бизнис и поседува десетици обуки и лиценци за царинско работење.