Елена им возврати на хејтерите - кога може Цеца да се соблака, можам и јас

Елена Велевска важи за една од најдобрите риби на домашната сцена. Освен што е згодна, фолкерката, исто така, ги следи и сите музички трендови, па така однеодамна народните рефрени ги замени со модерен звук, па сега пее и поп.
Освен во Македонија, почна да работи и во соседна Бугарија каде потпиша договор со Паинер продукција, а сними и неколку видеа и синглови за нивниот пазар.
Работам напорно, сакам да внесам свежина во етерот и да ги следам трендовите. Затоа и почнав да пеам поп-фолк. Дел од публиката го прифати тоа, дел ме осудија, но јас знам што правам и знам дека ако сакам да бидам успешна морам да се прилагодам на музичките правци кои сега се актуелни и модерни. Исто така, ми пречи кога ги коментираат моите фотки и спотови во кои сум малку разголена во негативна конотација. Кога Цеца ќе се соблече, тоа е супер, а кога Елена ќе го направи тоа веднаш сите нешто хејтаат и коментираат. Е тоа многу ми пречи, знам дека живеам во Македонија, но мораме да се трудиме да ги следиме светските теркови, само така ќе опстоиме", вели фолкерката која неодамна настапи и на "Валандово фест", а наскоро ќе ја изненади публиката со нов сингл на кој работи во моментов.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
