ЕЛЕМ: Ковачевски шири груби шпекулации, го очекуваме да дојде да ја погледне документацијата

Пратеници на СДСМ продолжуваат грубо да го злоупотребуваат Собранието на Република Македонија и да шират шпекулации кои немаат никаква врска со вистината. АД Електрани на Македонија уште еднаш нагласува дека сите јавни постапки, па и предметната за која денеска зборува господинот Васко Ковачевски е спроведена во целосна согласност со Законот за јавни набавки и со добиено одобрение од Советот за јавни набавки.
Ова го посочува АД ЕЛЕМ во реакција на днешната прес-конференција на Ковачевски на која обвини дека дека фирмата Марковски Компани, која, според него, е блиска до Сашо Мијалков, го добила тендерот од 290 милиони денари на РЕК Битола.
- Ние се уште го очекуваме Ковачевски да дојде во просториите на РЕК Битола со цел да му се овозможи целосен увид во документацијата за спроведената постапка. Доколку не сака да дојде, подготвени сме целиот предмет да му го испратиме по поштенски пат. Доколку увиди незаконски елементи во постапката, АД ЕЛЕМ е подготвено да преземе одговорност, но во случај да не најде, очекуваме негово јавно извинување. Во спротивно компанијата ќе ги преземе сите законски можности за поднесување тужба за клевета. Затоа, во понатамошниот период компанијата ќе се воздржи од јавна полемика со СДСМ за предметната тема, се вели во реакцијата од АД ЕЛЕМ.
Се додава дека АД ЕЛЕМ и понатаму останува максимално посветено на обезбедување сигурен енергетски сектор и ќе продолжи да носи одлуки кои ќе бидат во согласност со законите, како и со потребите на граѓаните и на стопанството.
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
