Електронското испитување на јавното мислење за климатските промени

Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации ги повикуваат граѓаните да учествуваат во електронското испитување на јавното мислење за климатските промени, кое се спроведува во рамките на проектот „Втор национален извештај за климатски промени“.
Своето мислење треба да го искажат пополнувајќи го е-прашалникот насловен „Дали ве засегаат климатските промени?“ што е достапен на линкот http://
Од Министерството информираат дека целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали е променета свеста и дали сме подготвени да реагираме на климатските предизвици кои во последно време се се поголеми.
-Компаративната анализа на резултатите ќе помогне за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор и напредок на Република Македонија во исполнување на обврските поврзани со климатските промени кон меѓународната заедница, Парискиот договор и УНЦФЦЦ, истакнуваат од МЖСПП.
Резултати од истражувањето ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.klimatskipromeni.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
-

Двајца кумановци пронајдени починати во текот на една вечер
-

Млад Турчин уапсен во Охрид, осомничен за посредување во проституција
-

Вучиќ ќе се кандидира за премиер на Србија
-

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик низ цела Европа
