Живот
4. јуни 2017 - 11:06

Електромобил за лица во ортопедска количка

„Кенгуру“ е електричен автомобил, специјално направен за лица кои се движат со помош на ортопедска количка.
 
Возилото за еден патник е осмислено и патентирано од двајца возачи кои и самите имале потреба од истото – адвокатката од Тексас, Стејси Зоерн и унгарскиот иноватор Истван Кисарослаки.
 
Направено е така што може да собере една количка и да се користи за кратки релации, односно за растојанија од најмногу 100 километри.
 
Електромобилот се движи со помош на два дво-киловатни мотора, а нивното полнење трае осум часа.