Македонија
27. August 2015 - 20:18

Електро скутери за администрацијата на Град Скопје

Поголема мобилност, заштеда на средства од градскиот буџет но и заштита на животната средина. Градската администрација доби 5 електроскутери кои ќе ги користи за решавање на урбанистичките проблеми на скопјани. Идејата е традиционалниот начин на превезување на теренските административци да се замени со се поактуелниот превоз на електрична енергија.

Заштедата на пари од градската каса со употребата на овие скутери ќе биде значителна, со оглед на тоа што 100 поминати километри со нив ќе чинат 10 денари.

Цената на еден електроскутер изнесува 150 илјади денари, а вкупната вредност на целиот проект достигнува повеќе од 780 илјади денари.