Свет
23. August 2016 - 9:58

„Ел Сафир“: Турски разузнавач тајно го посетил Дамаск

 Еден од помошниците на шефот на турската разузнавачка служба, Хакан Фидан, тајно го посетил Дамаск со цел да разговара за курдското прашање со високите членови на сириските специјални служби, објави либанскиот весник „Ел Сафир“, повикувајќи се на неименувани извори. 

Весникот наведува дека Фидан во неделата се состанал со „високите членови“ во сириската специјална служба и разговарал со нив за состојбата во северна Сирија, каде курдите претходно оваа година прогласија федерална област. 

- Напредокот на курдскиот проект за федерализацијата ќе ги поттикне Турците и Сиријците да разговараат преку тајните канали за првпат по летото 2011 година, пишува либанскиот весник.

Ново на Сител