-->
-->
ЕЛ: Пао без респект кон „својот“ Обрадовиќ
-->

Домашните победи на Панатинаикос, ЦСКА и Галатасарај го комплетираа 12.коло во кошаркарската Евролига.
Панатинаикос во Атина славеше против Фенербахче 81:70. Перо Антиќ одигра 23 минути за Фенербахче и имаше учинок од три поени, седум скока и една украдена топка. Македонскиот интернационалец ги промаши сите четири обиди за три поени.
Нанали беше најефикасен кај Фенер со 21 кош, а ПАО го предводеше Калатес со 16 поени и 11 асистенции.
ЦСКА во последната четвртина го скрши отпорот на Барселона за конечен триумф 92:76. Рускиот шампион на овој меч имаше подобра реализција на обидите за три отколку за два поени. Кошаркарите на ЦСКА погодија 15 од 23-те обиди за три поени, а само 12 од 32-та обиди за два поени.
Хигинс со 23 поени, односно Теодосиќ со 16 поени и 11 асистенции го предводеа европскиот првак до 11-та сезонска победа, додека Клавер со 17 кошеви беше најефикасниот играч на Барселона.
Галатасарај со поените на Мицов од линијата за слободни фрлања го победи Армани 83:80. токму Мицов со 23 поени беше најефикасен на натпреварот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола станува симбол на развојот на Пелагонија
-

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
-

Трамп: Американски авиони нападнаа складишта за ракети и беспилотни летала и радарски станици во Иран
-

Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се зголеми на 1.430
-

Одбележување на 80-годишнина од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнина од прогонство на деца Македонци од Егејскиот дел
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
