Кошарка
22. December 2016 - 8:58

ЕЛ: Инциденти на турската пресметка

Koшаркарите на Дарушафака предводени од Дејвид Блат славеа во Истанбул против Фенербахче со 71-64 во турската пресметка во Евролигата. 

Дуелот обилуваше со добра кошарка но и многу инциденти. Првиот го предизвикаа кон крајот на првиот дел Вилбекин и Диксон по што беше исклучен Моерман од Дарушафака по влегување на теренот од клупа.  Во вториот дел и Весели се пресели на трибините поради две технички грешки. 

Вилбекин со 22 и Клајбурн со 20 поени беа најдобри во тимот на Дарушафака додека кај Фенербахче кој го доживеа и 5. пораз се истакна Слукас со 16 поени и 4 скока. 
Перо Антиќ средбата ја заврши со 7 поени.