Loading Video...
Ракомет
11. February 2021 - 19:56

ЕЛ: Еурофарм Пелистер по вторпат ја совлада Татабања

Македонскиот претставник во Европската лига  Еурофарм Пелистер по вторпат ја совлада унгарската Татабања и ја запиша третата победа во елитното европско натпреварување. 
Битолчани во вториот натпревар на свој терен славеа со 24-21 со што ги продолжија надежите за пласман во елиминациите. 
Мечот беше уште поинтересен од вчерашниот на кој  Еурофарм Пелистер славеше со 21-19 од причина што гостите добро започнаа и обезбедија водство од три до 4  гола што домаќинот мораше да брка негатива до самиот финиш. Татабања го реши и првиот дел во своја корист со 11-9 
Вториот дел започна со нешто подобра и поангажирана игра на домаќините и во продожение дојде до првото израмнување  (14-14).  Следуваа минути на Мандалиниќ  но и криза во редовите на Татабања по што  дојде и третата победа за  Еурофарм Пелистер. Мандалиниќ со девет гола беше ѕвездата на домашната екипа.
Следен предизвик за битолчани е тимот на ГОГ Гудме, седмица подоцна ќе гостува Рајн Некар Левен.