-->
-->
ЕЛ: Еден е Диксон
-->
Фенербахче против европскиот првак ЦСКА во Москва ја прекина серијата од два порази во кошаркарската Евролига. Фенер славеше по дополнителните пет минути 95:79, откако во регуларниот дел беше 75:75.
Првиот дуел на ЦСКА и Фенербахче по минатосезонскоот финале во Евролигата им припадна на кошаркарите на турскиот тим. Исто како и во финалето мечот беше решен во продолжението, но во петокот победи Фенербахче, предводен од Боби Диксон.
ЦСКА во 14.коло го заблежа вториот пораз, додека Фенербахче има девет победи и пет порази.
ЦСКА подобро играше во првото полувреме, во еден период имаше 13 поени предност, но до полувремето Фенер ја намали разликата на пет кошеви.
Рускиот тим добро отвори и во третата четвртина, кога Воронцевич погоди три тројки, два пари имаше предност од 12 поени, но не успеа да го скрши противникот.
Фенер направи серија 4:20 од финишот на третата четвртина до четвртата минута од последниот период.
Регуларниот дел се решаваше во последните 30 секунди, најпрвин при резултат 72:72 Курбанов погоди тројка, а на седум секунди до крајот Диксон постигна кош и реализира дополнително слободно фрлање.
Теодосиќ го промаши последниот шут во регуларниот дел. Во продолжението играта на ЦСКА целосно се распадна, Фенер направи серија 0:11, Русите првите поени ги постигнаа дури по три минути игра. Диксон во продолжението постигна 12 поени.
Американецот со турски пасош го предводеше Фенер со 25 поени, 3 скока, 6 асистенции и 4 украдени топки. Брилијантен меч одигра и Екпе Јудо со 17 поени и 11 скокови. Перо Антиќ во победата на својот тим учествуваше со 4 поени, 2 скока, 3 асиетнции и една украдена топка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент