Македонија
21. August 2015 - 18:03

Експресна реакција на институциите по посетата на премиерот

Министерството за внатрешни работи експресно реагираше на барањата на жителите од дебарско-реканскиот регион, за проблемите при вадењето на нови патни исправи. Од МВР информираа дека во текот на денешниот ден веднаш ќе бидат издадени пасошите за граѓаните кои побараа да им се извадат патните исправи во најкраток можен рок, а истовремено  започнато е забрзано фотографирање за издавање на нови патни исправи за жителите во овој регион.

Ваквата реакција доаѓа по вчерашната посета на премиерот Груевски на дебарско-рекланскиот регион, каде што беше информиран за повеќе проблеми со кои се соочуваат жителите на овој крај. Од комунални и инфраструктурни проблеми, до проблеми со пасоши и документи

Во Жировница главниот проблем беше застојот во издавањето на пасоши за печалбарите кои се во посета на овој регион а кои за кратко мора да си одат. 

Покрај реконструкцијата на пристапниот пат до Жировница, ќе се реконструира и локалната патна мрежа во населеното место.

Во однос на барањето на граѓаните за проблемот поврзан со плаќањето на радиодифузна такса беше кажано дека на владина седница веднаш ќе биде поднесена информација за лоцирање на местата кои немаат прием на радиодифузен сигнал по што истите ќе бидат ослободени од овој вид такса.

Денес во Жировница е и директорот на фондот за здравство Сашо Стефаноски, кој со стручен тим од оваа институција ќе се обиде да најде решениево однос на посочениот проблем за здравственото осигурување на жителите печалбари.