Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Сериозен инцидент е избегнат синоќа во албанскиот пристанишен град Драч, во близина на хотел, сопственост на поранешниот градоначалник Ванѓуш Дако.
Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа.
По дојавата, полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, поставувајќи периметар и евакуирајќи ги жителите и туристите од блиските објекти.
„Во населба бр. 1, Драч, на влезот од зграда (поранешен хотел, надвор од функција), во една од саксиите за цвеќе е пронајдена сомнителна експлозивна направа, за која се сомнева дека е рачно изработена. Истражниот тим, во соработка со Единицата за противексплозивно дејствување “РЕНЕА”, извршија контролирана експлозија. За среќа, нема повредени, додека истрагите продолжуваат за откривање на сторителите и мотивите на овој настан” стои во полициското соопштение.
Според медиумите, пред неколку години хотелот го користеле и припадниците на италијанската полиција Гвардија ди Финанца кога биле на мисија во Драч, но сега бил вон функција.
МИА
Ново на Сител
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
