Балкан
1. February 2018 - 9:00

Експлозија во продавница за мебел во Атина

Сериозна материјална штета предизвика силната експлозија што нешто по 4 часот утрово по локално време се случи во продавница за мебел во северниот дел на Атина.

За сега, нема информации дали зад експлозијата стои некоја од грчките анархистички терористички организации.

За разлика од повеќето експлозии во Атина во изминатите години, како што јави дописникот на МИА од Атина, овој пат, немало предупредувачки анонимен повик до некој од грчките медиуми.

Грција експлозија

Моментот на експлозијата го снимиле безбедносни камери од околните продавници, а видеото утрово го објави грчката телевизија Скај. На видеото, се забележуваат две лица кои со мотор, кусо застануваат пред продавницата, едниот го остава експлозивниот механизам и веднаш заминуваат, со голема брзина.

Неколку минути подоцна бомбата експлодирала. Според грчките медиуми, полицијата го проверува и конкретниот видео материјал за откривање на двете лица.

И покрај тоа што продавницата за мебел се наоѓа на централен и прометен булевар во Атина, сепак во моментот на експлозијата во близина немало граѓани или возила.

Ново на Сител